Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала ги постигна првите два гола на „Олимпико“ во дресот на Рома и ги разнежни срцата на фановите против Специја (3-0). Тој го отвори резултатот во 18.минута, а потоа и зголеми на 2-0 во 32.минута. Триумфот на Рома го потврди Роџер Ибањез во 61.минута од дуелот. Деби во дресот на Рома имаше и Андреа Белоти.
Интер славеше против Кремонезе со 3-1. Хоакин Кореа беше стрелец на водечкиот гол во 12.минута, а Николо Барела зголеми на 2-0 во 38.минута.
Во вториот дел, Лаутаро Мартинез постигна трет гол за Интер во 76.минута, а Давид Окереке во 90.минута беше стрелец на почесниот гол за гостите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













