Челси е еден од најактивните во овој преоден рок во Премиер – лигата, но се уште го нема завршено трансферниот прозорец. Покрај Весли Фофана, за кого ќе плати 80 милиони евра, раководството на клубот тргна во офанзива и за Јошко Гвардиол.
За дефанзивецот на Лајпциг се подготвени да платат 90 милиони евра и уште една година да го остават во Бундес-лигата.
Доколку Лајпциг ја прифати понудата на Челси, ова ќе биде најголемиот трансфер кога се во прашање дефанзивците.
Хари Мегваер пристигна во Манчестер Јунајтед од Лестер во летото 2019 година за 85 милиони евра, а Хрватот ќе чини уште пет милиони повеќе.
Се чекаме исходот и одговорот на Лајпциг, но реално е дека оваа понуда нема да можат да ја одбијат. Челси на тој начин ќе обезбеди замена за Тијаго Силва, кој ја игра последната сезона на „Стемфорд бриџ“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal