Повратникот во Првата лига, тимот на Силекс, на одличен начин ја стартуваше сезоната. Составот на Горазд Михајлов не знае за пораз по три кола, освои седум бода и се наоѓа на второто место на табелата, веднаш зад „максималната“ Струга ТЛ.
Кратовци сакаат да ја продолжат серијата и на денешниот меч против Академија Пандев. Силекс игра одлично на домашен терен, досега забележа две победи, против Работнички и против Скопје, а целта е на ист начин да продолжат и против „пандевци“.
Ова е воведниот меч од четвртото коло во Првата фудбалска лига, кој е закажан за 16 часот, на стадионот во Кратово.
Академија Пандев, интересно, двапати загуби дома, а оствари блескава победа (0-5) на гости против Работнички. Денеска избраниците на Ѓорѓе Стојчев ќе имаат нов голем испит, затоа што никогаш не е лесно да се освои Кратово.
Останатите натпревари од четвртата рунда во Првата лига се играат утре, а се среќаваат: Скопје – Шкупи, Брегалница – Македонија ЃП, Работнички – Тиквеш, Шкендија – Струга Трим Лум.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski