Connect with us

Од следната сезона Македонија со еден учесник помалку во Европа

Македонските клубови и оваа сезона имаа кусо европско лето. Најмногу „издржа“ Шкупи, но само затоа што така понуди системот кој му овозможи на македонскиот првак по елиминацијата на првата пречка, Линколн од Гибралтар, да игра уште шест европски меча.

Шкупи ги одигра, но не победи ниту еднаш и од сите натпреварувања беше елиминиран.

Најлошо се претстави Академија Пандев. Рака на срце, можеби имаше и најтежок ривал, но тимот на Горан Пандев си ги загуби глатко двата меча, а единствена „добивка“ е европскиот приход со кој ќе покрие половина од новата сезона.

Најдобар ефект имаше Шкендија, оствари најмногу победи, собра најмногу бодови за севкупниот коефициент на Македонија, но недоволно добро за да се задржи досегашниот број на учесници.

Ова е затоа што се земаат в предвид резултатите од последните пет години, а од следната сезона нема да се брои ефектот на Вардар, кога настапуваше во групната фаза во Лигата на Европа.

А после тоа, мора да се признае, сите македонски клубови во Европа учествуваат безмалку туристички и се радуваат дека ќе добијат некои средства за да преживеат барем дел од следната сезона во Македонија.

Сето ова ќе придонесе од следната сезона Македонија да има еден претставник помалку во Конференциската лига на УЕФА, а клубовите ќе играат и претквалификации, посебно во ЛШ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови