
Македонскиот првак Шкупи вечерва (20 часот) на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина го игра решавачкиот меч за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Евентуален триумф и елиминација на косовскиот тим, на Шкупи би му донел историски клупски резултат, но и полна каса со 3,3 милиони евра.
Не треба ни да се зборува колкави се мотивите на фудбалерите, останува на тренерот Гоце Седлоски добро да ги вклопи и да им посочи да не „изгорат од желба“. Само на таков начин можат да стигнат до посакуваниот успех.
Поука треба да извлечат од првиот меч во Скопје, кој го загубија со 1-2, иако беа подобар противник и имаа повеќе шанси за погодок. Но, исто така беа и брзоплети, без вистинска стратегија да се сочека некоја грешка на противникот, да се искористи сѐ што ќе понуди косовскиот тим.
Шкупи има негатива, но има и сила да ја надомести на денешниот реванш. Само на таков начин ќе може да се чекира во Европа и за следниот голем предизвик, групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.
Ќе треба да се урне и една традиција, Гоце Седлоски и момците конечно да остварат една гостинска победа во Европа…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
