
Борусија Дортмунд на неверојатен начин го загуби натпреварот против Вердер. Имаше водство до 93.минута, а на крајот доживеа пораз од 2-3.
Џулијан Брант во 45.минута постигна гол за водство на „милионерите“, а Рафаел Гереиро во 77.минута зголеми на 2-0.
Но, Вердер направи сензација во завршницата. Во 89.минута, Буханан намали на 2-1, а Шмит со удар со глава израмни во 93.минута.
Домаќинот беше шокиран, па Вердер постигна и победнички гол преку Оливер Бурк во 95.минута од дуелот.
Баер Леверкузен продолжи со очајните игри на почетокот од шампионатот во Бундес – лигата и загуби од Хофенхајм дома со 0-3. Баумгартнер, Крамариќ и Рутер беа стрелци на головите за гостите.
Фрајбург на гости славеше против Штутгарт со 0-1, а Волфсбург и Шалке ремизираа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
