По една седмица одложување, денеска почнуваат второлигашките возбудувања. За разлика од лани, ќе има единствена Втора лига, навидум исполнета со големи брендови, но всушност клубови на кои само уште имињата нешто им значат. Далеку се сегашните клубови, па и тимови од некогашниот квалитет и сјај.
Оваа група ја предводи најтрофејниот Вардар, а тука се и Пелистер, Беласица, Борец, Тетекс…
Вардарци, на пример, одработија сериозно квалитетен преоден рок, но како да се „самоуништуваат“. На ден пред почетокот на шампионатот „удрија“ предупредуваќки штрајк, поради неисплатени плати. Ако се знае дека во Вардар подолг период ситуацијата е таква, тогаш прашање е дали актуелното раководство е кадарно да го врати клубот таму каде што посакува, во елитата. На стартот, вардарци гостуваат кај засилениот и силно мотивиран Аресими во село Чегране, против тим кој се засили со неколку поранешни фудбалери на Ренова.
Пелистер во првото коло му гостува на Кожуф во Гевгелија, а Гостивар, кој е еден од фаворитите за пласман во елитата, ќе игра против Локомотива во Скопје.
Има и такви кои уште немаат платено котизација и регистрирано фудбалери. Ова е една од причините поради која мечот Борец – Слога Виница е одложен за 24.август (среда).
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, ПРВО КОЛО (денеска, 17 ч.)
АРЕСИМИ – ВАРДАР
КОЖУФ – ПЕЛИСТЕР
ОХРИД – ТЕТЕКС
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БЕЛАСИЦА
КАРАОРМАН – ВОСКА СПОРТ
ЛОКОМОТИВА – ГОСТИВАР
КАМЕНИЦА САСА – БЕСА
БОРЕЦ – СЛОГА ВИНИЦА (24.август)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













