Connect with us

Мусијала ќе го прескокне гостувањето на Баерн кај Бохум

Германскиот напаѓач Џамал ​​Мусијала ќе го пропушти гостувањето на Баерн Минхен кај Бохум в недела. Тој се уште чувствува последици од повредата на мускулот и ќе биде поштеден.


„Во моментов изгледа дека Џамал ​​Мусијала нема да игра поради истегнување на мускулот. Не е многу сериозно и сега е подобар, но, сепак, ќе го поштедиме од напори“, изјави тренерот Џулијан Нагелсман.

Уште неколку играчи на баварскиот тим се под знак прашалник за натпреварот, а Нагелсман подготвува најмалку три промени во тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови