Бразилецот Кашемиро од Реал Мадрид ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, тоа го потврди и тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти. Италијанецот најави дека Кашемиро нема да биде вклучен во составот за мечот против Селта.
„Разговарав со него утрово. Тој сака да испроба нов предизвик, нова можност. Јас и клубот го разбираме тоа. Мора да ја почитуваме неговата одлука поради тоа што го направи за овој клуб и затоа што е фантастична личност. Се уште има разговори, ништо не е официјално, но тој сака да си замине. Му посакуваме се најдобро во следниот предизвик“, изјави Карло Анчелоти.
Реал Мадрид претходно обезбеди соодветна замена за Кашемиро во Аурелиен Чуамени, кој дојде од Монако.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













