Бразилскиот интернационалец Марсело би можел да потпише со Ница, тврдат француските медиуми. „Орлите“ од Азурниот Брег упатија конкретна понуда до поранешниот играч на Реал Мадрид и се надеваат дека ќе добијат позитивен одговор.
34-годишниот Марсело го напушти кралскиот клуб на крајот од минатата сезона кога му истече договорот. Чекаше понуди од Ла Лига бидејќи сака да продолжи да живее во Шпанија, а последните денови се зборуваше дека ветеранот размислува да се откаже од фудбалот.
Марсело помина повеќе од 15 години во Реал Мадрид. Во овој период, левиот бек забележа 544 настапи и постигна 37 гола, освојувајќи вкупно 25 трофеи, вклучувајќи и пет пехари од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













