Раководството на Атлетико Мадрид нема намера да ја активира откупната опција во договорот на Антоан Гризман. „Душекчиите“ сакаат да го задржат Французинот кој е на позајмица од Барселона, но не за сумата од 40 милиони евра која стои во договорот меѓу двата клуба.
Проблемот е што откупната клаузула ќе стане задолжителна доколку Гризман одигра најмалку 45 минути во 50% од натпреварите на Атлетико Мадрид во сезоните 2021/22 и 2022/23. Затоа мадриѓаните сакаат повторно да преговараат за условите под кои напаѓачот повторно би станал нивна сопственост.
На отворањето на Ла Лига против Хетафе, Антоан Гризман влезе како замена во 61. минута и го постигна последниот гол во победата на Атлетико од 3:0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













