Македонскиот првак Шкупи доживеа непријатен пораз (1-2) од Балкани во првиот меч од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Гоце Седлоски имаше повеќе шанси, но слаба беше реализацијата, а уште послаба одбраната која прими два гола.
Балкани знаеше да ги искористи слабостите на Шкупи.
„Не победи подобриот тим. Имавме толку шанси, а на крајот, пораз. Како да не „здрма“ тој прв примен гол, мислам дека противникот не победи со два шута. Но, ништо не е загубено, има и реванш и се надевам дека ќе имаме свој ден и дека ќе возвратиме таму. Одиме во Приштина по позитивен резултат. Мора да останеме смирени и да се подготвиме за вториот натпревар“, изјави Гоце Седлоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













