Реномираниот ресторан „Спортска Меана“ 15 години е собиралиште на спортските фаци од Скопје и од Македонија. Таму секојдневно можат да се сретнат дел од личностите поврзани со спортот, а доаѓа и селекторот на фудбалскиот национален тим, Благоја Милевски.
По повод прославата на 15-годишнината од постоењето на „Спортска Меана, јубилеј кој свечено ќе биде одбележан на 17 септември, селекторот Милевски подари и посебен подарок. Отсега, на посебно место во „Спортска Меана“ ќе биде истакнат дресот на фудбалската репрезентација на Македонија од натпреварот против Италија во Палермо (0-1).
Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски направи светска сензација елиминирајќи ја Италија во Палермо, во плејофот за пласман на Светското првенство. За жал, се сопнавме на последниот чекор, откако бевме поразени од Португалија во Порто.
Сепак, со триумфот над четирикратниот светски првак во Палермо, ќе се гордееме засекогаш!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













