
Дали Кашемиро ќе се пресели од Реал Мадрид во Манчестер Јунајтед? Ова прашање стана актуелно вчера по информацијата за конкретна понуда на „црвените ѓаволи“ до европскиот клупски шампион.
Се вели дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да му понуди двојно зголемување на платата на репрезентативецот на Бразил. Кашемиро би заработувал 18 милиони евра годишно доколку се пресели во Јунајтед.
Фудбалерот немаше намера да го напушти Реал, но огромната плата како и договорот дфо 2027 година би можеле да го примамат да ја промени одлуката. Не е за потценување дека англискиот клуб му понудил на Кашемиро договор до 2027 година, а неговиот актуелен договор на „Сантијаго Бернабеу“ истекува во 2025 година.
Како што тврдат шпанските медиуми, сè ќе зависи од неговата желба. Тренерот Карло Анчелоти може да има клучна улога. Тој ќе разговара со Кашемиро и ќе се обиде да го убеди да остане во тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мектоминеј и Де Бруин донесоа триумф за Наполи

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
