Португалскиот гигант Бенфика го совлада Динамо Киев на гости со 0-2 и со една нога е веќе во групите од Лигата на шампионите.
Жилберто во деветтата минута донесе водство за Бенфика, а Гонсало Рамос зголеми на 0-2 во 37.минута.
Црвена Звезда загуби од Макаби Хаифа во Израел со 3-2, во меч полн со пресврти. Макаби Хаифа поведе со голот на Пиеро, но Пешиќ и Канга до крајот на првиот дел направија пресврт.
Сепак, второто полувреме му припадна на Макаби Хаифа. Пиеро со удар со глава израмни на 2-2 во 52.минута, а Тјарон Шери во 61.минута направи нов пресврт, за триумф на израелскиот тим од 3-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













