
Шкендија ја оствари првата победа во новата сезона откако го совлада ФК Скопје со 2-0 на стадионот во Струга. Ова е всушност одложениот натпревар од првото коло во шампионатот на Македонија, поради тоа што тетовци имаа европски настапи.
Скопје со деветмина не можеше повеќе со оглед дека „пиратите“ заработија два црвени картони.
Вагнер Гонсалвеш во шестата минута донесе водство за Шкендија, откако погоди од слободен удар, со помош и од блокот на противничкиот тим.
Во 33.минута Гордијан Христовски доби црвен картон, а само пет минути подоцна и Христијан Кировски беше исклучен.
Во 62.минута, Сафет Билали постигна втор погодок за Шкендија и го потврди триумфот на тетовскиот тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
