Шкендија не стартуваше според планот во новата сезона од Првата лига, откако одигра 1-1 во неделата против Силекс. Тетовци поради суспензија на теренот се домаќини во Струга, а денеска (17 часот) ќе го играат одложениот меч од првото коло против ФК Скопје.
Голманот Костадин Захов верува дека Шкендија ќе ја оправда фаворитската улога.
„Без разлика што не играме во Тетово, туку во Струга, Шкендија ја има улогата на фаворит и од тоа не бегаме. Но, фаворитската улога треба да се докаже на теренот и јас верувам дека тоа ќе го сториме на денешниот меч против ФК Скопје. Факт е дека се чувствува замор во екипата по европските натпревари, но тоа не треба да биде пречка да ја забележиме првата победа сезонава“, изјави Захов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













