Францускиот интернационалец Адриен Рабио е на излезна врата од Јувентус и беше изгледно дека ќе го засили Манчестер Јунајтед, но најновите информации се дека трансферот би можел да пропадне поради неговата мајка. Вероника е и негова агентка, која досега му направи многу проблеми и во периодот додека беше во ПСЖ.
Таа побарала годишна плата од 10 милиони евра во Манчестер Јунајтед, а претходно фудбалерот се сложи да прифати помала сума. Адриен не е во плановите на Јувентус и сакаше да се испроба во Премиер – лигата, а Ерик тен Хаг му понуди место меѓу „ѓаволите“.
Сепак, новите услови кои ги постави се чини дека се неприфатливи за Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal