Манчестер Јунајтед размислува за изненадувачка понуда до напаѓачот на Лестер, Џејми Варди. Проблемите на „црвените ѓаволи“ се повеќе од очигледни и тие не се само во нападот. Тимот ја започна сезоната со два порази, а на последните четири првенствени натпревари постигна само еден гол.
Манчестер Јунајтед бара опции ширум Европа, дури и достави понуда за Марко Арнаутовиќ која беше одбиена.
Клубот сега како потенцијално засилување го гледа 35-годишниот Џејми Варди.
Поранешниот англиски репрезентативец десет години е во Лестер и не е јасно дали ќе биде заинтересиран за нов предизвик во оваа фаза од кариерата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













