Не престануваат критиките кон новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг. Со екстремен став им се придружи и поранешниот англиски репрезентативец Габриел Агбонлахор. Според него, холандскиот стручњак веќе мора да размислува за заминување по понижувачкиот старт на сезоната во Англија.
Во првото коло Манчестер Јунајтед загуби на домашен терен со 1-2 од Брајтон, а синоќа „црвените ѓаволи“ претрпеа уште посрамен пораз, 0-4 од Брентфорд.
„Ова не е Манчестер Јунајтед. Да бев во клубот, по тој натпревар ќе рече: „Како знаеш и умееш Ерик, само спакувај си ги куферите“, коментира Агбонлахор.
„Тој ги одработи комплетните подготовки на тимот, а почетокот на сезоната за Јунајтед е апсолутен хаос. Како фудбалерите да не се познаваат на теренот“, истакна поранешниот напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













