Манчестер Јунајтед доживеа дебакл на гостувањето против Брентфорд, загуби со 4-0, а вината ја презеде голманот Давид де Хеа.
Новиот менаџер Ерик тен Хаг е во многу тешка ситуација. Холанѓанецот имаше големи планови, но очигледно дека не му оди добро на стартот.
„Денеска го чинев тимот три бода. Бев ужасен и тоа беше ден за заборав. Моравме да бидеме подобри, јас морав да го одбранам првиот удар и се ќе беше поинаку“, изјави Де Хеа, кој самиот застана пред камерите на „Скај Спортс“.
Манчестер Јунајтед по две кола е заглавен на дното во Премиер – лигата. Немаат бодови и гол разликата им е 1-6.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













