Манчестер Сити лесно и убедливо го победи Борнмут со 4-0 на „Итихад“, а стопроцентен по две кола е и Арсенал кој славеше со 4-2 против Лестер на „Емирати“.
Илкај Гундоган го отвори резултатот, а Кевин де Бруин по половина час игра зголеми на 2-0. Третиотгол беше дело на Фил Фоден, а во второто полувреме Џеферсон Лерма ја затресе сопствената мрежа.
Габриел Жесус беше двоен стрелец за Арсенал, а погодија и Гранит Џака и Габриел Мартинели во триумфот од 4-2. За Лестер погоди Медисон, а Салиба постигна автогол.
Александар Митровиќ не реализира пенал, а Фулам ремизираше без голови на гости кај Вулверхемптон.
Саутемптон и Лидс Јунајтед ремизираа 2-2, а без голови заврши мечот меѓу Брајтон и Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













