
Актуелниот првак Шкупи се уште има европски предизвик, но мора да размислува и на домашните обврски. На Чаир денеска (17 часот) гостува тимот на Македонија ЃП во првиот меч од втората рунда во Првата фудбалска лига. За двете екипи, всушност, ова ќе биде премиерен настап на домашна сцена откако летово имаа(т) учество на европска сцена.
Шкупи посакува триумф, тоа го нагласува левиот бек Блертон Шеји.
„Секогаш е тешко на стартот, но ние имаме континуитет од европските настапи. Го забораваме тоа што се случуваше со Шамрок. Секако, ќе мора да се фокусираме веднаш на Првата фудбалска лига и со победа да ја отвориме сезоната. Нема да биде лесно, затоа што Македонија ЃП е квалитетен тим, кој исто така имаше европски обврски ова лето. Но, ние сме шампиони и треба така и да се претставиме на денешната пресметка“, изјави Блертон Шеји.
Муарем Бајрами со „лавовите“ ќе дојде на „својот“ Чаир. Македонија ЃП порано ги заврши европските настапи со елиминацијата од ЦСКА Софија, па имаше повеќе време да се подготвува за овој меч.
Утре се играат останатите натпревари од второто коло во македонската фудбалска елита.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (денеска 17 ч.)
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ (утре, 17 ч.)
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
ПОБЕДА – ТИКВЕШ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
