
Барселона успеа да ги регистрира речиси сите играчи со кои потпиша ова лето. Роберт Левандовски, Франк Кеси, Рафиња и Андреас Кристенсен, плус обновените договори на Осман Дембеле и Серхи Роберто, се пријавени во Примера и ќе му бидат на располагање на тренерот Чави Хернандез за првиот натпревар против Рајо Ваљекано.
Жул Кунде е единствениот кој не е регистриран во оваа фаза. На Барса и се потребни уште 20 милиони евра за да ги подмири документите на францускиот дефанзивец. Приходот може да дојде од евентуална продажба или раскинување на договорот со некој од играчите. Тоа најверојатно ќе се случи со Мемфис Депај кој е во преговори со Јувентус.
Меѓу потенцијалните заминувања се и оние на Мартин Брајтвајт, Самуел Умтити, Сержињо Дест и на Пјер-Емерик Обамејанг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski