
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, ги отстрани од тимот како прекубројни Тангуј Ндомбеле, Џовани Ло Селсо, Серхио Регилон и Хари Винкс.
Фудбалерите вредни 92 милиони евра ќе треба да тренираат одвоено од остатокот од тимот. Конте им порача на четворицата фудбалери дека за нив нема место на тренинзите бидејќи може да работи само со одреден број играчи.
Четворицата се вишок и повеќе не сметаат на нив во Лондон, па може да си бараат нови клубови до крајот на преодниот рок.
Ндомбеле и Ло Селсо и минатата сезона беа на позајмица. Регилон го загуби местото со доаѓањето на Перишиќ, а Вингс со доаѓањето на Бисума.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
