
Брегалница денеска со гостувањето против Академија Пандев во Струмица ја почнува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов шампионат за „сините“ пред кои се нови предизвици и цели како потврда на зацртаните високи амбиции во елитното друштво.
Брегалница мина успешен подготвителен период со шест одиграни натпревари, од кои четири победи и две ремија, и притоа со само еден примен погодок, и вкупна гол-разлика од 10-1.
Капитенот Даниел Мојсов вели дека се минати успешни подготовки, но сега сето тоа треба да се потврди на терен…
„Подготовките поминаа во најдобар ред, мислам дека реализиравме успешен подготвителен период и имавме добри резултати на пријателските натпревари. Максимално сме подготвени за почетокот на првенството“ – вели Мојсов и дополнува:
„Ако компарираме со минатата година, мислам дека сега имам поквалитетна екипа, но тоа секако треба да се покаже на терен. Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар и верувам дека можеме да се избориме за место меѓу првите четири екипи во лигата. Само заедно како целина можеме до големи резултати. Кога напаѓаме да напаѓаме заедно, кога се браниме да се браните сите заедно. Нападот почнува од одбраната, а одбраната од нападот!“
Желбите се денеска во Струмица освојување на трите бода…
„Посакуваме од Струмица да се вратиме со три бода. Ја респектираме Академија Пандев, имаат одлична екипа но ние имаме свои планови и цели, а тоа се да почнеме квалитетно во новата сезона и да ги запишеме првите бодови“ – вели капитенот Мојсов.
Натпреварот меѓу Академија Пандев и Брегалница во 1. коло од ПМФЛ се игра денеска (7. август) со почеток од 17:30 часот во Струмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
