
Најдобриот стрелец во историјата на македонските шампионати, Бесарт Ибраими, постигна два гола во дресот на Струга Трум Лум во првиот меч по враќањето. По една година во странство, тој веднаш покажа дека ќе биде супер-засилување за тимот на Срѓан Захариевски.
„Секој почеток е тежок, па така најважно од сѐ беше да се освојат бодовите. Го почнавме првенството со победа и среќен сум што дадов голови со кои му помогнав на тимот. Се надевам дека вака ќе продолжиме и на наредните мечеви и дека нашите навивачи ќе уживаат, зашто и нивната поддршка многу значи за овој тим“, изјави Ибраими за клупскиот сајт на клубот.
Денеска се играат уште два натпревари од Првата лига. Во Кратово се среќаваат Силекс – Работнички, а во Струмица ќе играат Академија Пандев – Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
