Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски е повторно во својот Работнички. Тој потпиша договор со клубот од Дебар Маало и ќе биде огромно засилување за тимот на Љупчо Марковски за претстојната сезона.
Напаѓачот третпат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички. Беше дел и од шампионските времиња, играше во периодот 2006 – 2008 и во периодот 2011 – 2013 година.

„Се чувствувам многу среќен, затоа што се вратив дома. Тоа е секогаш посебно чувство. Емоциите кон Работнички секогаш се максимални, верувам дека ќе му помогнам на тимот да ги оствари целите во претстојната сезона“, вели Крсте Велкоски.

Тој во кариерата играше и за Металург, Кахлаул (Романија), Енозис (Кипар), Инчеон (Јужна Кореја), Након Рачасима (Тајланд) и Сараево (БиХ). Во новата сезона, повторно ќе биде дома, во Работнички.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













