Македонскиот првак Шкупи е пред историски предизик. Ако го елиминира балканскиот гигант Динамо Загреб, безмалку влегува во рајот. Ќе се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, но и автоматски ќе го обезбеди пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. Со тоа би го израмнил најголемиот успех на еден македонски клуб, откако Вардар претходно беше дел од групите во ЛЕ.
Финансиски, тоа би бил џек пот за Шкупи. Клубот од Чаир би заработил најмалку 5 милиони евра, а дополнително би бил награден и секој позитивен резултат во групите од ЛЕ.
Засега е само сон. Македонски клуб да оди до групите во Лигата на шампионите. И да не сонуваме многу, да отвориме очи….затоа што Динамо Загреб стои исправен пред тимот на Гоце Седлоски, а тоа е огромна планина што треба да се искачи.
Реванш натпреварот меѓу Шкупи и Динамо Загреб од второто коло во квалификациите за ЛШ се игра вечерва (21 часот) на арената „Тодор Проески“. Првиот меч на „Максимир“ заврши 2-2, а тоа на сите ни ја разбуди вербата…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













