
Хрватскиот првак Динамо Загреб допатува во Скопје, на реваншот против Шкупи, да докаже дека е подобар тим и да се пласира во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите. Како што вели тренерот Анте Чачиќ, тие ја прифаќаат фаворитската улога, но исто така и максимално ги респектираат квалитетите на Шкупи.
„Треба да бидеме подобри од првиот натпревар и да покажеме на теренот дека сме подобри од Шкупи. Во ред, ја прифаќаме фаворитската улога, со оглед на клупското педигре, но исто така и максимално го респектираме Шкупи. Тие покажаа дека се добар тим на првиот меч на „Максимир“. Подготвени сме, нашата цел е да се пласираме во следната рунда од ЛШ и ќе го дадеме максимумот за да успееме во тоа. Дојдовме со бистра глава, мирно срце, веруваме во нашиот квалитет и останува утревечер да одиграме најдобро што знаеме“, изјави тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ.
Натпреварот меѓу Шкупи и Динамо Загреб се игра утревечер, со почеток во 21 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
