Хрватскиот првак Динамо Загреб во победничка атмосфера ќе патува за Скопје откако вечерва го совлада Славен Белупо со 1-5 во второто коло од шампионатот. Тренерот Анте Чачиќ одмори дел од ѕвездите меѓу кои и Аријан Адеми, а сепак тимот забележа сигурен триумф.
Славен Белупо поведе од пенал во втората минута со голот на Марио Марина, но Динамо одговори експресно. Мартин Батурина израмни во седмата минута, Мислав Оршиќ се погрижи за пресврт во 15. минута, а само пет минути подоцна погоди и Јосип Дрмиќ.
Во второто полувреме стрелци беа и Јосип Мишиќ и Дарио Шпикиќ.
Динамо Загреб во вторник го игра реванш мечот против Шкупи на арената „Тодор Проески“, во второто коло од квалификациите за ЛШ. Првиот меч во Загреб заврши 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













