Хрватскиот интернационалец Патрик Џалто е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
„Сините“ се одлучија офанзивните редови од тимот да ги засилат со поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, кој потекнува од младинската школа на Кајзерслаутерн, 25-годишниот Патрик Џалто.
Џалто, кој има и германско државјанство роден во Ројтлинген, е поранешен младински репрезентативец на Хрватска, а во периодот од 2013 до 2017 година, како член на Штутгарт, Кајзерслаутерн и Баер Леверкузен, важеше за еден од најголемите таленти на Бундес – лигата.
Во својата кариера, Џалто, кој игра како офанзивен фудбалер од средниот ред, има настапи и за Регенсбург, Кобленц и Мемингем во Германија, како и за Австрија Клагенфург во австрискиот шампионат. Последните две сезони пред доаѓањето во Брегалница, настапуваше за хрватски Вуковар.
Низ досегашниот преоден рок Брегалница претходно се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба, централниот дефанзивец Александар Ристевски, младинскиот репрезентативец Иван Николов, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













