Шкендија успеа да слави заслужен триумф против Валмиера во Рига, во првиот меч од второто коло во Конференциската лига на УЕФА. Сега останува на реваншот во Скопје да го потврди пласманот во следната рунда.
Тренерот Артим Шаќири не го криеше задоволството од победата, но жали што не беа реализирани уште неколку шанси.
„Очекувавме дека ќе имаме тежок натпревар против Валмиера. Создадовме многу шанси и мислам дека можевме да постигнеме најмалку уште три гола. Сепак, обезбедивме предност пред реваншот, а мораме да бидеме внимателни бидејќи ништо не е завршено“, изјави Артим Шаќири на прес – конференцијата во Рига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













