Македонскиот претставник Шкендија денеска (17 часот) во Рига го игра првиот меч против Валмиера во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Тимот на Артим Шаќири има и квалитет и искуство да се надева на позитивен резултат на овој дуел.
Ферхан Хасани вели дека треба само да се продолжи во континуитет со игри како против Арарат.
„Ако го одиграме натпреварот што го одигравме на последните два натпревари против Арарат, верувам дека ќе извлечеме позитивен резултат. Во наша корист е првиот меч да се игра овде во Летонија, бидејќи во реваншот ќе имаме поддршка од нашите навивачи. Тимот е максимално мотивиран и сите се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат, а потоа ќе го чекаме реваншот во Скопје“, истакнува Ферхан Хасани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













