Connect with us

Бремер потпиша за Јувентус

Јувентус објави дека трансферот на Глејсон Бремер од Торино е комплетиран. Зделката е вредна околу 50 милиони евра, а Бремер потпиша петгодишен договор со Јувентус.


25-годишниот бразилски дефанзивец минатата сезона беше прогласен за најдобар во Серија А, а доаѓа како замена за Матијс де Лихт кој замина во Баерн Минхен.

“Тој има физичка сила, позициска интелигенција, навремен лизгаќки старт и доминантен во воздухот. Покрај тоа, тој е ефикасен и за три години во Серија А постигна 11 гола, повеќе од сите стопери во истиот период. Минатата сезона беше прогласен за МВП меѓу одбранбените играчи во Серија А, а беше предводник во сите пет најдобри лиги по бројот на одземени топки. Доби 217 дуели, од кои 132 воздушни“, наведуваат од Јувентус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови