
Македонскиот прволигаш Македонија ЃП утре (17.30 часот) го пречекува бугарскиот тим ЦСКА Софија во второто коло од Конференциската лига на УЕФА. Многу перипетии имаше во пресрет на овој меч, каде би се играл натпреварот, дали ситуацијата е безбедна, но актерите, тренерот на „лавовите“, Муарем Бајрами, и капитенот Ермедин Адем, ги интересира само и единствено спортскиот аспект.
„Играме против бугарски тим, но тоа не ни создава никаков притисок, зошто ние размислуваме само и единствено за фудбал. Нас треба да нѐ интересира само теренот, натпреварот и фудбалската игра. Ја анализииравме ЦСКА Софија, тие се квалитетен тим и ние се подготвувавме повеќе од еден месец за да прикажеме добра игра“, изјави тренерот Муарем Бајрами.

Капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем, истакна дека тимот е подготвен да го даде максимумот. Тој и соиграчите веруваат дека можат да се изборат за позитивен резултат во пресрет на реваншот во Софија.
„Ние сме млад тим, но има и неколку поискусни кои знаат што значат овие европски натпревари. Мислам дека сме добро подготвени, ќе го дадеме максимумот и веруваме дека ќе оствариме позитивен резултат за реваншот во Софија. Немаме никаков притисок, сакаме само да играме фудбал и можеби најтежок противник ќе биде топлото време“, изјави Адем.
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија ќе се одигра утре, со почеток во 17.30 часот, на комплексот на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
