
Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман истакна дека е многу задоволен од потписот на Матијс де Лихт. Холандскиот дефанзивец им се приклучи на Баварците, откако Јувентус се согласи да го продаде за 67 милиони евра.
„Мило ми е што трансферот се реализираше. Де Лихт е еден од најталентираните централни дефанзивци во светот, а се уште е многу млад. Тоа што не избра нас е прекрасен знак и за Баерн и за Бундес – лигата во целина. Се надевам дека ќе успее да постигне 7-8 гола“, се пошегува Нагелсман.
Тој не пропушти теми за разговор и за Роберт Левандовски. Голгетерот се пресели во Барселона, а Нагелсман се прашува како каталонскиот клуб успева да ги финансира своите засилувања ова лето кога всушност е во огромни долгови.
„Барселона е единствениот клуб кој нема пари, но во исто време ги купува сите играчи што ги сака. Не знам како го прават тоа. Ова е чудно, дури и лудо“, искоментира Нагелсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
