Македонскиот шампион Шкупи ремизираше 2-2 против Динамо Загреб на „Максимир“ во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Стрелец за Динамо беше капитенот Аријан Адеми, но македонскиот репрезентативец сепак не беше среќен по завршувањето на мечот.
„Имавме контрола на играта и многу добри можности, но имавме и грешки кои не чинеа многу скапо. Мора да биде многу подобри и се надевам дека ќе биде така против Славен Белупо, а потоа ќе одиме во Скопје да бараме пласман понатаму во ЛШ. Секако дека немаше потценување. Првите 15-20 минути игравме одлично. Промашив шут, па потоа паднавме во некаква криза и несмасно го примивме тој гол. Се вративме, а на крајот повторно направивме грешка. Тоа е фудбалот, мора да бидеш сконцентриран сите 90 минути“, изјави Адеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













