На новиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, му е дијагностициран рак на тестисите, соопштија од германскиот клуб.
Французинот во понеделникот го напушти тренингот бидејќи не се чувствуваше добро, а денеска му ја соопштија оваа вознемирувачка вест.
Але летово дојде во Дортмунд од холандски Ајакс во трансфер вреден околу 30 милиони евра, но ќе мора привремено да ја прекине кариерата за да се посвети на лекување.
„Би замолиле да ја почитуваме приватноста на Але во овие тешки моменти“, соопшти Борусија Дортмунд.
Сите се надеваат дека 28-годишниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска ќе ја добие најтешката битка во животот и ќе се врати на терените.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal