
Натпреварот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА дефинитивно ќе се игра во Скопје. И покрај дезинформациите за можно преместување во Струмица, па дури и надвор од Македонија – во Ниш, сепак, мечот официјално е закажан и ќе се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ.
Ова за МАКФУДБАЛ го потврди и техничкиот директор на „лавовите“, Благоја Кочевски.
„Натпреварот меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија ќе се одигра во Скопје, на комплексот на ФФМ. Сакам да искажам благодарност до раководството на бугарскиот клуб ЦСКА Софија кое прифати да гостува во престолнината и покрај перипетиите. Мораме да ја потенцираме нивната желба за фер-плеј“, изјави Благоја Кочевски за МАКФУДБАЛ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
