
Македонскиот прволигаш Брегалница одигра реми без голови против романскиот второлигаш Стеауа. Според извештајот од клупскиот сајт на штипскиот клуб, Брегалница била подобар ривал и во второто полувреме пропуштила четири убави шанси.
По израмнетото прво полувреме во кое немаше никакви шанси на двете страни, најдобриот период во играта на Брегалница дојде во последните 20 минути од средбата, кога избраниците на Илчо Ѓорѓиоски целосно доминираа на теренот, се вели во клупскиот извештај.
Во 74. минута 100% шанса за погодок имаше Димитриевски по проигрувањето од Алтипармаковски, но неговиот шут од 15 метри го одбрани противничкиот голман. Во 79. минута веќе и втората извонредна можност по нафрлувањето на Кудев од десната страна, но топката само сантиметри покрај левиот дирек од голот на Стеауа.
Во 82. минута и најголемата шанса за „сините“. Кудев, по проигрувањето од Алтипармаковски, изби сам пред гостинскиот гол но од 12 метри шутираше млако и противничкиот голман ја одбрани и најголемата шанса до тој момент на Брегалница за триумф. Но, во 90. минута уште една 100% шанса, кога по нафрлањето од слободен удар пред голот на Стеауа сами на неколку метри Мојсов и Ристевски кои не успеаја да го совлаваат противничкиот голман Динка, кој е најзаслужниот што Романците се спасија од пораз.
За Брегалница на дуелот против Стеауа настапија: Шчекиќ, М. Димитриевски, Мојсов, Ристевски, Борха Кордоба, Силјановски, Хаџановиќ, Ѓорѓиев, Касми, Додев и Ѓокиќ. Во второто полувреме уште играа: Коцев, Кудев, Михаилов, Алтипармаковски, Д. Димитриевски…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
