
Катар го исчекува стартот на Светското првенство во фудбал во ноември и декември, но како што се наближува, се повеќе излегуваат на површина и проблемите. Голем проблем се строгите мерки за задолжителна изолација и карантин за невакцинираните лица што ги воведе оваа држава.
Најмалку пет дена во изолација треба да бидат репрезентативците што не се вакцинирани, а ги има во речиси сите селекции учеснички. Ова може да предизвика хаос пред самиот почеток, а и за време на турнирот.
Токму затоа ФИФА го притиска Катар да ги олабави мерките и да дозволи невакцинирани фудбалери со валиден Ковид-19 тест да не одат во карантин. Светската фудбалска организација бара домаќините да бидат попустливи и кон фановите што ќе пристигнат да ги бодрат своите репрезентации или во спротивно би можело да се случи комплетно фијаско.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
