Connect with us

Коцев второ засилување на Победа

Прилепскиот прволигаш Победа го ангажира и второто засилување во летниот преоден рок. По повеќедневните тренинзи со екипата и настапите на контролните средби со Брегалница и Работнички Стручниот штаб даде зелено светло за ангажман на Христијан Коцев. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој настапува по левата страна и може да одговори како на дефанзивните така и на офанзивните задачи.


Коцев во Победа доаѓа од прволигашот Македонија Ѓорче Петров, претходно настапувал за Осогово и Кораби, а на преминот од младински во сениорски фудбал за Кадино. Минал низ школите на Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Металург.


По Делов младиот Коцев е второто ново име во ростерот на Бабунски, а во наредните денови се очекува Победа да го официјализира ангажманот на уште неколку нови засилувања кои се очекува да го подигнат квалитетот и да ја засилат конкуренцијата во тимот кој го очекуваат силни предизвици во повратничката прволигашка сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови