Бугарскиот клуб ЦСКА Софија упатил барање до УЕФА поради безбедносни причини да не дозволи да гостува во Скопје, на натпреварот против Македонија ЃП од второто квалификациско коло од Конференциската лига. Тие навеле дека се чувствуваат тензии во Македонија и има антибугарски протести, а УЕФА наводно треба да ги заштити поради тоа.
Во таборот на ЦСКА Софија се изненадени и добиле само 60 билети за своите фанови од домаќинот Македонија ЃП за натпреварот кој е закажан за 21. јули на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Тие сега бараат УЕФА да донесе одлука натпреварот да не се игра во Скопје, туку надвор од Македонија и го предлагаат Ниш.
„Само 60 билети доби ЦСКА Софија за првиот натпревар, а причината е препораката од локалните власти, поради антибугарските протести. И сега прашање е дали мечот треба да се игра во македонската престолнина? УЕФА има пракса да реагира веднаш ако има политички тензии и ваквите мечеви се играат на неутрален терен. Такви примери има кога играат екипи од Ерменија и Азербејџан. Во овој случај, дури решението е и наједноставно, Ниш е блиску до двата главни градови. ЦСКА треба да реагира и УЕФА многу веројатно ќе ја направи промената. За реваншот не би имало проблем да се игра во Софија“, пишува бугарскиот медиум „Труд“ на оваа тема.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal