Tренерот на Барселона, Чави Хернандез, отпиша петмина фудбалери во пресрет на турнејата во Соединетите Американски Држави.
Рики Пуиг е еден од отпишаните. Се појави на почетокот на подготовките за новата сезона, а потоа повеќе не се врати бидејќи Чави му порача дека не смета на него. Пуиг, 22-годишниот играч од средниот ред, има уште една година од договорот со Барселона, единствениот клуб за кој настапувал во кариерата.
Заедно со Пуиг, отпишан е и францускиот стопер Самуел Умтити, кој има уште четири години од договорот. За 28-годишниот Умтити, Барселона бара клуб кој би го купил или би го довел на позајмица.
Чави нема да смета и на 23-годишниот стопер Оскар Мингеза, две години позврасниот напаѓач Реј Манај и 32-годишниот голман, Нето. Тие нема да бидат во авионот што на 16 јули ќе полета за САД.
Сеуште не е познато каква е судбината на Мартин Брајтвајт, 31-годишниот дански напаѓач на кој Чави не смета по доаѓањето на Пјер-Емерик Обамејанг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













