
Германскиот првак Баерн Минхен му понудил на дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт договор до 2027 година. Начелно, раководството на клубот има постигнато устмен договор со Холанѓанецот за трансфер.
Клубот од Минхен сега ја подготвува првата официјална понуда до „бјанконерите“ која се очекува да биде околу 65 милиони евра, плус уште 10 милиони во бонуси.
Ова секако не е сумата која ја очекува Јувентус за продажбата на одличниот стопер. Тој има отштетна клаузула од 120 милиони евра, а во трката за него се наоѓа и англискиот премиерлигаш Челси.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
