
Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, и официјално стана нов член на Фиорентина. Србинот пристигна во Фиренца на двегодишна позајмица за време на која клубовите ќе му ја поделат платата од 5 милиони евра годишно на половина.
Медиумите во Италија и Шпанија пренесуваат дека Фиорентина после тоа и без обештетување ќе има право да го задржи Србинот, но дека на Реал ќе треба да му плати 50 отсто од следниот трансфер.
Дополнително, по тие две сезони, Јовиќ ќе добие договор за 6 милиони евра по сезона, доколку Фиорентина реши да го задржи.
Во текот на минатата сезона Јовиќ не играше во мадридскиот клуб каде постигна само еден гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
