Connect with us

Мурињо го сака Саул Нигез на „Олимпико“

Рома е во потрага по нов играч за врска, а една од целите на клубот е Саул Нигез од Атлетико Мадрид. Претходната сезона која шпанскиот фудбалер ја мина на позајмица во Челси за него заврши неславно.


Саул не успеа да избори место во првиот тим играјќи само десет натпревари и по разочарувачки 12 месеци се врати во Мадрид.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Жозе Мурињо сака да го засили средниот ред, а преговорите со играчот од средниот ред на Сасуоло, Давиде Фратези се забавени во последните денови, па португалскиот стручњак сега бара други опции.

Еден од нив е токму Саул, чиј договор со Атлетико истекува во 2026 година, па најверојатно во Рим би дошол на позајмица.

Повремениот шпански репрезентативец е член на Атлетико Мадрид од 2012 година и за шпанскиот клуб одигра 230 натпревари и постигна 26 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови