Connect with us

Џек Вилшер објави крај на кариерата на 30 години

Еден од најголемите англиски таленти во модерната историја Џек Вилшер објави дека се пензионира на 30-годишна возраст. Тој имаше 260 натпревари во Премиер – лигата и 34 настапи за англиската репрезентација, но повредите го уништија во последните неколку години. Се обиде да ја оживее кариерата во Борнмут и во Архус, но не успеа потполно во тоа.


Вилшер се прослави во Арсенал, а навивачите го изгласаа за најдобар играч на клубот во неговата прва сениорска сезона. Тој беше прогласен за најдобар млад играч во лигата и беше избран во идеалниот тим на Премиер – лигата.

Беше и капитен на Арсенал, играше за сите младински селекции на Англија, како и сениорски репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови