Новакот во Серија А, Кремонезе и официјално го објави потписот со голманот Јонут Раду, кој пристигнува на позајмица од Интер.
Минатата сезона Раду беше во улога на втор голман на „нероаѕурите“. Притоа одигра само два натпревари – победата од 3-2 во продолжението над Емполи во Купот на Италија и (1-2) поразот од Болоња што се покажа како клучен во битката за „скудетото“. Токму тој направи скандалозна грешка на тој натпревар.
Сепак, со доаѓањето на Андре Онана, 25-годишниот Романец реши да бара нов тим за претстојната сезона и на тој начин се пресели во Кремонезе каде најверојатно ќе биде стартер.
За него ова е позајмица во трет различен тим, по оние во Авелино (2017/18), Џенова (2018/19 и 2019/20) и во Парма (2019/20).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













